јануари 4, 2018

Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на месецов физичките лица вршители на угостителска дејност од мал обем може да поднесуваат барање за субвенционирање на уплатената туристичка такса.

Субвенцијата во висина од 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања се однесува за периодот од 1-ви јули до 31-декември 2017 година.

Барањата се доставуваат до Комисијата за доделување на субвенции по основ на дел од туристичка такса во Секторот за туризам и локален економски развој.

Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на туристичката такса и ќе се избегне нејзиното прикривање.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов најави дека за оваа година се планира субвенционирањето да биде 100%, меѓутоа да биде директно реинвестирано во капацитетите на приватните станоиздавачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука