Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јули 2024 година, во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 23-годишна девојка од Битола, која претходно во продажен објект во Охрид одзела повеќе производи.
– Одземеното било вратено на одговорното лице во продажниот објект, а по целосно документирање на настанот, против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 61