Струга, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јуни 2024 година, во 09:00 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници лишиле од слобода 43-годишна жена од селото Пржовце, општина Теарце.
– Претходно, со палење оган пред станбен комплекс на улицата „Партизанска“ во Струга, таа предизвикала општа опасност. По целосно документирање на настанот, против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава, информират од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27