Струга, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари 2024 година, во 21:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле три лица од кои едно, 20-годишно од селото Ливада, и две 23-годишни лица од селата Велешта и Радолишта.
– При преглед во возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 52