Струга, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти април 2024 година, во 05:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта приведено е 43-годишно лице од Република Албанија.
– Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без соодветна документација и документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта. Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 37