Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти октомври 2024 година, во 01:35 часот во, во ноќен клуб во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, приведоа 22-годишно лице од охридското село Велгошти.
– При извршена контрола, тој исфрлил најлонска опаковка со бела прашкаста материја која е одземена и предадена на вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 156