мај 12, 2023

Струга, 12. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти мај 2023 година, во 17:00 часот, во ОВР Струга, приведен е 52-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта.

– Тој, претходно, по случена сообраќајна незгода на улицата „Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон другиот учесник во незгодата, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука