Струга, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јуни 2023 година, во 17:10 часот, во ОВР Струга приведен е 44-годишниот Н.М. од струшкото село Радолишта.
– Тој претходно, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 11