Струга, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти февруари 2023 година, во 03:50 часот на улица „Скопска“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 28-годишниот М.Р. од Република Албанија.
– Тој бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во Полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 36