Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти септември 2024 година во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 19-годишно лице од Охрид.
– Тоа било запрено од полициски службеници при управување мопед, за кој по извршени проверки било утврдено дека претходно во текот на денот бил одземен од сопственикот, 68-годишно лице од Охрид. Мопедот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 230