Приведен охриѓанец кој со возило удрил во пешак на улицата „Стив Наумов“ и го напуштил местото на настанот
декември 22, 2024

Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви декември 2024 година, во 22:30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишно лице, удрило во 41-годишен пешак, двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот.

– По преземени мерки од полициски службеници, возачот на возилото е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука