News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 26, 2024

Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти ноември 2024 година, во 04:30 часот во СВР Охрид задржано е 25-годишно лице од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.

– Тој се сомничи дека дека на 25-ти ноември 2024 година, извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука