Охрид, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На први август 2019 година, во 11:20 часот во СВР Охрид од страна на полициски службеници бил лишен од слобода 37-годишниот К.Б. од Република Србија.
Истиот е осомничен дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ на 28-ми јули 2019 година во маркет на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 60