Одземен пасошот на ексдиректорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, осомничен е за Злоупотреба на службената положба
декември 28, 2024

Скопје, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје определи одземање на пасошот и повремено јавување во судот за поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски.

Мерките на претпазливост се изречени на барање на Основното јавно обвинителство, кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба од Деспотовски додека бил директор со ТИРЗ.

Судот потврди за Тв Телма дека денеска попладне обвинителот и осомничениот Деспотовски самите пристигнале во судот кај судија на претходна постапка. Се произнеле и осомничениот и обвинителот по однос на предлогот и судија на претходна постапка го прифатил предлогот за мерка одземање на патна исправа и повремено јавување во судот.

Засега официјално е дека за Деспотовски има истрага во финансиската полиција, а тоа го потврди и обвинителството кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба.

– Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост, вели Обвинителстово.

Деспотовски поднесе оставка на директорската функција на 2 јули. Претходно се кандидираше за лидер на СДСМ, но загуби од Венко Филипче. (Крај)

извор: 360 Степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука