Дебрца, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Финишира реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани со што општина Дебрца ќе добие современ планинарски дом.
Преостанува уште хортикултурното уредување, што ќе се реализира во текот на месец април.
Планинарскиот дом ќе биде со капацитет до 20 легла, а се реализира во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија-Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво „Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.
Градежните работи за преадаптација на старата училишна зграда во современ планинарски дом започнаа во јули минатата година. Се пристпи кон зацврстување на објектот со армирано-бетонска конструкција, поставување санитарни јазли и електрична инсталација, поставување нова дограма, како и осовременување на градбата. Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца