Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера околу 15:30 часот во езерските води на почетокот на плажата „Фиеста“, во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, откриено е безживотно машко тело.
По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Божидар О. (80) од Прилеп. Тој, според првичните сознанија, имал одредени здравствени проблеми а смртта настапила при неговото влегување во вода.
Медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид, констатирала смрт а на телото на починатиот не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 20