Џакарта, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Радикална група, која ја поддржува “Исламска држава”, го проби сајтот на малезиската авиокомпанија.
На страницата на компанијата се појавувле пораки “Авионот не е пронајден” и “Исламска држава ќе надвладее”.
Од авионската компанија најавија дека за 22 часа ќе продолжат со работата на страната која сè уште не функционира.
Malaysia Airlines се обидува да се опорави од двојниот удар, соборениот патнички авион и авионот со лет 370, кој се урна на 1 800 километри од западниот брег на Австралија, но сеуште нема никакви податоци. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 35