октомври 10, 2019

Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“ денес изведуваат боево гаѓање.

Вежбовната активност ќе трае до 14:00 часот.

Од СВР Охрид со апел до граѓаните доколку се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат безбедносните ознаки поставени на подрачјето околу стрелиштето и да се придржуваат до насоките од полициските службеници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука