News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 11, 2024

Скопје/Охрид, 11. ноември 204 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на месецов популарната кинеска платформа за online шопинг Temu конечно доставува и во Македонија. Со тоа македонските купувачи, кои досега беа оставени сами на себе да се снаоѓаат во однос на доставата на пратките од Temu, сега можат да бидат сигурни дека навремено и безбедно ќе ги добиваат своите нарачки.

Пратките до крајните купувачи ќе ги испорачува поштенската компанија Еко логистик сервис (ЕЛС). Bloomberg Adria неофицијално дознава дека првите пратки во моментов се во Унгарија и во текот на следните седум дена треба да пристигнат во земјава.

Позната по своите неверојатно ниски цени и широкиот асортиман на производи, кинеската online продавница Temu, основана кон средината на 2022 година, привлече милиони корисници низ светот нудејќи сè, од облека и електроника до домашни производи, по многу пониски цени од другите популарни платформи за online шопинг.

Успехот на Temu, особено во САД и во Европа, може да им се припише на нејзините агресивни маркетинг-стратегии, вклучувајќи значителни попусти, промоции и силно присуство на социјалните мрежи како Tiktok. Програмата за препораки на платформата, која ги поттикнува корисниците да покануваат пријатели во замена за бесплатни подароци или кредити во апликацијата, исто така одигра клучна улога во нејзиниот раст. (Крај)

извор: Bloomberg Adria фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука