Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба на 30-ти декември 2024 година, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин. На лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 21