Струга, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.
– На 14-ти ноември 2023 година во Струга, пријавениот агресивно се однесувал кон инспектор за патен сообраќај овластен од Општина Струга, кој преземал службени дејствија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 48