Струга/Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
– На 14-ти мај 2024 година, при сообраќајна контрола, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 36