Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.
– На 7-ми мај 2024 година, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 130