Охрид, 9. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од селото Лешани, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“.
– Тој, на 23-ти јануари 2024 година, во близина на охридското село Вапила, е затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 75