Струга, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 20-ти декември 2023 година, на пат кон селото Долна Белица, струшко, полициски службеници кај две лица пронашле марихуана која претходно ја набавиле од пријавениот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 92