Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“.
– Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 38