Пријава за лице од струшко Драслајца поради физички напад врз соселанец
декември 20, 2024

Струга, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

– На 7-ми декември 2024 година, во двор од куќа во селото, пријавениот предизвикал расправија со лице од истото село, по што физички го нападнал, а употребил и рачен алат, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука