Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишно лице од Охрид поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми со различен калибар кои неовластено ги поседувал, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 57