Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јануари 2022 година, во 05:45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид.
– При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 22