Пробиштип/Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
– На 6-ти август 2024 година, лице од Злетово пријавило дека по склучен договор кај нотар за купопродажба на возило во сопственост на пријавениот, започнал постапка за промена на регистарските таблички во станица за технички преглед, при што било констатитирано дека возилото нема број на шасија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 217