октомври 9, 2023

Струга, 9. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 17-ти мај 2023 година, при изведување градежни работи во струшкото село Радожда, машини на правното лице оштетиле кабли и настанал пожар во разводен електричен орман поставен на бандера. Од пожарот кој избувнал во орманот и од притисокот била исфрлена вратата на орманот, при што со повреди се здобила 45-годишна жена од селото Радожда, а било оштетено патничко возило кое било паркирано во близина на орманот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука