Струга, 24. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 9-ти мај 2023 година, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 7