Пријава за 83-годишното лице од струшко Мислешево, кое неодамна со ловна пушка усмрти ловечко куче
декември 2, 2024

Струга, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 83-годишно лице од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“

– На 2-ри ноември 2024 година, во 19:00 часот, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на лице од истото село и го усмртил, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото:  архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука