Струга, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Полициската станица во Струга, 58 годишно лице пријавило дека во периодот од 29-ти октомври до 1-ви ноември, во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител.
Според пријавата, сторителот насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 104