Охрид, 17. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишните Н.Т. и П.Т., двајцата од селото Мешеишта, општина Дебрца.
– Пријавените, на 20-ти март 2021 година во 14:00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на влезот од селото Мешеишта, општина Дебрца, ги спречиле овластениte службени лица од шумската полиција при преземање службени дејствија за запирање товарно возило во нелегален транспорт на огревно дрво. Притоа, П.Т. со камион го попречил движењето на службеното возило на шумската полиција, а Н.Т агресивно се однесувал кон двајцата службеници, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива