News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 21, 2024

Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) –  СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 72 и 66 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– На имот во Охрид, каде сопственици се пријавените, изградиле нов објект, иако според претходно одобрениот основен проект донесено е решение за прекин со градба. На 23-ти август 2024 година, извршен е контролен инспекциски надзор при што е констатирано дека не е постапено по дадените насоки и од тие причини на 10-ти септември 2024 година, донесено било решение за отстранување на градбите од предметната градежна парцела, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука