февруари 28, 2017

Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) –„Фолклорна бајка“, детскиот фестивал на изворни македонски песни преработени со нови аражмани најавува уште едно издание.

Бајката исплетена со познатите македонски рефрени, за прв пат испеани од младите музички таленти, повторно ќе ги освојува срцата на љубителите на изворниот мелос.

Фестивалот кој е единствен од ваков вид во Македонија минатата година ги доби најдобрите критики од стручната јавноста.

Сите деца кои имаат талент и ја сакаат македонската песна, можат да се пријават на вториот фестивал „Фолклорна бајка“, кој ќе се одржи на 8-ми мај на сцената на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Пријавувањето е во тек, а информации можат да се добијат на тел 076/226-848 и 075/521-540 или на [email protected]. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука