Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти октомври 2023 година, во 11:00 часот во ОВР Струга, 70-годишно лице од Струга пријавило дека пронашло рачна бомба од Првата Светска Војна, при расчистување на стара падната куќа во неговиот двор.
– Експлозивната направа била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 41