јануари 16, 2017

Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов заврши 19-то издание на традиционалниот василичарски карневал во Куратица.

На 13-ти јануари започна василичарската поворка со посета на сите домови во Куратица, која траеше до утринските часови.

Василичарите беа послужени од домаќините.

На 14-ти заврши финалната прослава. Настапуваа групата Форум и Туше, по што следуваше дефилето на маските.

karnevgalkuratica2

Беа избрани најдобрите детски и возрасни маски:

Кај детските маски првото место го освои маската „Курајчки зет“, 2-то место за маската „Курајчки шеик“ и третата награда за „Курајчани во вселената“.

ognometkuratica1

ognometkuratica2

Додека во категоријата за возрасни победи маската „Весели тутунари“, на 2-то место се најде маската „Куратица во 21-ви век (легализација на тревката)“, трета беше маската „Политика во Македонија“ и 4-то место за маската „Куратица пат“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МЗ Куратица

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука