февруари 15, 2024

Скопје/Охрид/Струга, 15. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Велосипедската федерација на Република Македонија ги прогласи најуспешните во Друмски велосипедизам за 2023 година.

Велосипедистите на велосипедскиот клуб „Лихнидос“ од Охрид, кои се воедно и членови на Triathlon and Swimming club „3Disciplines“ од Струга ги освоија првите три места во У13 жени, како и прво и трето место У13 мажи и беа прогласени за најуспешен клуб во конкуренција У13 и У15.

Резултати:

Софија Кутаноска прво У13
Стефанија Кутаноска второ У13
Леонтина Џероска трето У13

Марко Шаврески прво У13
Симеон Јовановски Кацкаровска трето У13

– Тија Кукунешоска и Олса Орани беа клучни за севкупно прво место екипно во возрасна категорија У13 и У15, информираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука