август 8, 2019

Охрид, 8. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности се само дел од „жешките“ теми за кои денес ќе расправаат охридските советници.

Во рамките на 30-та седница тие ќе дискутираат и за бројни други теми. Меѓу нив и за изборот на нов командир на Полициската станица во Охрид, измените и дополнувањата на Програмата за изработка на урбанистички планови за периодот 2019-2021 година, измени и дополнувања на буџетот и статутот на градот, по одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, како и во Основните училишта со 24 и 25 ученици. Советниците ќе расправаат и за Програмата за изведување на училишните екскурзии во училиштата, за Годишните планови за вработување во општина Oхрид, ЈП „Градски пазар“ и ЈП „Билјанини извори“ за 2020 година.

Комплетниот дневен ред ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука