Копенхаген, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Продолжената употреба на хормонални контрацептиви може двојно да го зголеми ризикот од рак на мозокот, покажува најновото истражување.
Научниците дошле до овој заклучок врз основа на податоци од Данска, споредувајќи резултатите меѓу 317 жени со дијагноза глиоми (вид тумор на мозокот) и 2126 здрави жени. Сите биле на возраст меѓу 15 и 49 година, и користеле контрацептивни средства.
Се покажало дека дамите за заштита од несакана бременост, најмногу користеле орални контрацептиви, а со тоа за 50 проценти имале поголема веројатност да развијат рак на мозокот. Ризикот се зголемува дури до 90 проценти, ако се користат контрацептивни средства во континуитет повеќе од пет години. (Крај)
извор: бгнес фото: архива