јануари 30, 2017

Скопје/Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи го продолжи за пет работни денови рокот за поднесување пријави за ДДВ и Годишни извештаи.

Првично крајниот рок за поднесување ДДВ пријави за даночните обврзници и сметководителите беше до 25-ти јануари, кој се продолжи до 1 февруари 2017 година, додека за Годишните извешти се продолжува до 7 февруари 2017 година.

Од УЈП појаснуваат дека продолжувањето е согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци.

Додека поднесувањето на Годишна даночна пријава е најдоцна до 15-ти март и се однесува на сите граѓани кои во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и дополнителни приходи од ќирии; авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет е-трговија; лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; други дополнителни приходи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука