Продолжи традицијата за дочек на Стара нова година во хотел „Силекс“
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Силекс“ во Охрид синоќа продолжи долгогодишната традиција за дочек на Стара нова година.

Прославуваа гости од Охрид, но и од други градови на Република Македонија кои уживаа во спојот помеѓу традиционалното, црковното и забавното.

– Ресторанот беше декориран во класичен стил со етно-елементи, се служеше вкусна традиционална храна и пијалок, во чест на Свети Василиј Велики се изврши водоствет и се прекрши славски колач, а за забавно-музичкиот дел беја задолжени младите и енергични членови на охридскиот музички бенд „Здраве мјузик“. На базенот на хотелот во текот на целата вечер гореше голем оган каде присутните уживаа и наздравуваа околу огнот. Не изостана и присуство на маскирани лица во традиционални носии кои прославуваа заедно со сите присутни, информираат од хотел „Силекс“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука