април 23, 2017

Охрид, 23. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Христо Узунов” годинава одбележува 40 години од своето постоење.

Чествувањата започнаа во петокот.

Додека денес, во Центарот за култура „Григор Прличев“, од 18 часот ќе започне Меѓународниот фолклорен фестивал „Христо Узунов”, а свој настап ќе има и училишниот хор.

Утре ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на охридскиот револуционер во градскиот парк. Во 11 часот делегација ќе положи цвеќе и на гробот на Христо Узунов во селото Цер, Кичевско. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука