Охрид, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота напладне во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“ продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.
Во подготовките се вклучуваат и дечињата од Велгошти кои првата проба ќе ја имаат утре од 19:00 часот во манастирот Св.Петка, како и децата од Пештани чија проба е закажана за сабота од 12:00 часот во црквата Св.Врачи Козма и Дамјан. Од минатата недела со подготовки започнаа и дечињата од Општина Дебрца.
Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.
Мотото на манифестацијата „Бадникови поворки“ 2025 е „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива