Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.
Во подготовките се вклучија и дечињата од Велгошти кои првата проба ја имаа синоќа, а денес проба ќе одржат и децата од Пештани. Дел од Бадниковата поворка ќе бидат и дечињата од Општина Дебрца.
Во насока на негување на традицијата на празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“, носејќи ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што го покажала патот на мудреците до пештерата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32