април 17, 2017

Охрид/Скопје, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Циклусот на семинари на тема: „Медијацијата како ефикасен начин на решавање на споровите“, во наредниот период, ќе се одржуваат и во Охрид, покрај другите градови во републикава.

Според најавите на Стопанската комора на Македонија преку семинарите ќе има повеќе промотивни активности за промоција на медијацијата.

Предавачи ќе бидат лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацита низ сите градови во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука