Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со ребалансот на Буџетот, обезбедени се 31 милион денари со кои ќе продолжи изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, објави директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева.
Заедно со претставници на изведувачот „Митан Пром“ од Охрид, надзорот од фирмата „Конструктор“ од Струга, како и претставници од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, директорката Честоева изврши увид во градежните работи на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник.
– Изминатите години многу малку е вложено во реализацијата на овој капитален проект и дојдено е до оштетување и запуштање на овие објекти што остава лоша слика за туризмот на нашиот бисер Охрид кој претставува лулка на Христијанството, ја информираат јавноста од Управата за заштита на културно наследство. (Крај)
извор: uzkn.gov.mk фото: uzkn.gov.mk