Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сликата која утрово, како толку пати претходно, можеше да се забележи на Градскиот кеј, и оние на кои постојано апелираме, за испуштањето на матна и непречистена вода во езерото кај вливот на реката Грашница во Охридското Езеро во населбата Воска, едноставно го наметнуваат прашањето – има ли начин ова лудило да престане?
Иако совршено би „легнале“ и во рубриката „Срамизам“, сепак овде не станува збор за индивидуални чинови на млади деца или неодговорни поединци, туку уништување на единствениот „џокер“ кој Охрид го има во ракавот – Охридското Езеро.
Темата е постојано актуелизирана од граѓаните и медиумите, но како да се нема слух и начин да престане ова лудило и неодговорно однесување кон езерото како најголемата вредност која ја имаме и живиот свет во него. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес